Прв Македонски AI Асистент
Создадено од професионалци, за професионалци
Изградивме алатка што ги почитува стандардите на правната професија - и ја поедноставува секојдневната работа на оние што се соочуваат со закони.





Од идеја до иновација
Идејата за Factum се појави во период кога технолошките иновации забрзано го трансформираа начинот на кој што работиме и пристапуваме до знаење. Тоа нè натера да го поставиме клучното прашање, односно како да го искористиме технолошкиот напредок за да го направиме правото подостапно, поразбирливо и поефикасно за сите? Денес, Factum како проект создаден од тим на инженери и правници, претставува платформа која што не само што анализира закони, прописи и пракси, туку го прави тоа на начин кој што ги разбира потребите на адвокатите и граѓаните. Со тоа нашата цел е постигната - да се поедностави и доближи комуникацијата со македонскиот закон за сите.
Мисија
Да овозможиме сигурен, брз и разбирлив пристап до правна поддршка, заснована исклучиво на македонската легислатива. Factum е создаден како практична алатка што ја зголемува продуктивноста на правниците и адвокатите, но и му помага на секој граѓанин да ги разбере своите права без правна несигурност.
Визија
Да изградиме дигитален правен асистент кој ќе стане стандард во секојдневната работа на правната фела, платформа што не само што следи, туку и ја предводи модернизацијата на правниот систем. Factum треба да биде симбол на доверба, технолошка прецизност и професионална поддршка, денес во Македонија, утре и пошироко.
Тимот зад Factum
Factum е резултат на заедничка визија меѓу инженери и правници. Нашиот тим комбинира технолошка експертиза со длабоко правно разбирање, затоа знаеме што ви треба и знаеме како да го испорачаме.
Проверен партнер на правната фела
Адвокатски друштва, институции и компании кои веќе се потпираат на Factum во секојдневната работа.

















Довербата се гради преку искуства
„Factum значително го промени начинот на кој работам – процесите се побрзи, документацијата поорганизирана, а комуникацијата со клиентите појасна. Наместо да се губам во рутински задачи, можам повеќе време да посветам на суштината на предметите и на развој на правната стратегија.”
Заштеди време на правни анализи
Приклучи се на илјадниците правни професионалци што веќе работат со Factum.
Не е потребна платежна картичка


