Прв Македонски AI Асистент
Револуција во правните услуги
Factum претставува нова eра во дигитализацијата на правните услуги, односно алатка која ја комбинира вештачка интелигенција со експертиза во македонското законодавство, со цел да обезбеди јасен и едноставен правен одговор на сите ваши прашања.
Features
AI Правен Асистент
Factum е правна алатка дизајнирана да обезбеди сигурна поддршка при истражување и одлучување, со помош на вештачка интелигенција. Преку анализа на закони, подзаконски акти и судска пракса, генерира точни и применливи одговори на повеќе јазици. Поставете прашање - Factum ќе ви врати правно прецизен и практичен одговор.
За да се изготви сеопфатен и правно валиден договор за необјавување информации (NDA) со надворешни соработници, потребно е да се вклучат клаузули кои ќе ги заштитат доверливите информации и ќе ги дефинираат правата и обврските на страните. Врз основа на приложените извори, еве ги клучните клаузули кои треба да бидат вклучени во NDA, заедно со соодветните референции од законите: 1. Дефиниција на доверливи информации Во NDA мора да се дефинира што точно се подразбира под „доверливи информации“. Ова може да вклучува технички, деловни...
Национална легислатива
Обучен на македонски закони и прописи
Реферира точен член и закон
Редовно ажурирање според важечки прописи
Анализира судска пракса од реални одлуки
Терминологија усогласена со македонското право
Напредно пребарување на судски одлуки
Factum овозможува брзо пребарување на судски одлуки со подредување по релевантност, табеларен приказ и вклучување во правна анализа преку разговор.
Приватност и безбедност
Сите пакети вклучуваат стандардни мерки за заштита на податоци, потполно усогласено со GDPR и македонската регулатива.
Организирани фолдери
Платформата овозможува уредна организација на материјали и разговори по предмети. Документите можат да се користат како шаблони за анализа и споредба на клучни разлики.
Генерирање документи
Автоматско генерирарање на правни документи со можност за прецизно уредување, селективни измени и дополнителни објаснувања на секој дел од текстот, сè во структура што одговара на формалните стандарди за правна употреба.
Use Cases
Од автоматизирано составување на договори до правна анализа и усогласеност, Factum овозможува ефикасност, прецизност и заштита.
Автоматска клаузула за заштита од конкуренција
Додади конкурентска клаузула во договорот за деловна соработка даден во прилог
Генерирај општи условижн за користење за твојата платформа
Состави Општи услови за користење на платформа за онлајн продажба
Анализирај договор и идентификувајправни ризици
Анализирај го Договорот за деловна соработка и наведи кои одредби претставуваат ризик за нашата компанија.
Заштити го твојот бренд од неовластено користење
Имаме проблем со неовластено користење на нашиот бренд. Кои чекори треба да се преземат?
Провери ja Политика за приватност
Анализирај ја Политиката за приватност дадена во прилог и провери дали е во согласност со Законот за заштита на лични податоци?
Состави NDA договор за заштита на деловни тајни
Состави договор за доверливост (NDA) со надворешните соработници за заштита на трговски тајни на компанијата.
+
корисници
+
дневни корисници
%
точност во правна референца
Сузана Јошевска Анастасовска
Адвокат, Скопје
„Factum значително го промени начинот на кој работам – процесите се побрзи, документацијата поорганизирана, а комуникацијата со клиентите појасна. Наместо да се губам во рутински задачи, можам повеќе време да посветам на суштината на предметите и на развој на правната стратегија.”
Дарко Константиновиќ
Адвокатско друштво Константиновиќ & Милошевски
„Со Factum успеав да внесам ново ниво на ефикасност во канцеларијата. Работата тече појасно, документите се подготвуваат побрзо, а тимот има подобар преглед врз сите предмети. Најважно, добивме повеќе време за квалитетна правна анализа и советување на клиентите.“
Мр. Ивица Медарски
Менаџер за усогласување со закони (МАКЕДОНИЈА Осигурување АД Скопје – Виена Иншуренс Груп)
“„МАКЕДОНИЈА Осигурување АД Скопје – Виена Иншуренс Груп верува дека инвестицијата во информатичко комуникациската технологија ги усовршува организациските процеси. Настојуваме да користиме нови и иновативни решенија кои ќе придонесат за ефикасно и ефективно функционирање. Правото и позитивните прописи се суштината на нашата претежна дејност. Соработката со Factum AI придонесува за автоматизација на правните истражувања кои ни се неопходно потребни, го забрзува процесот на анализа на правните документи и прописите. Користењето на Factum AI овозможува ефективно решавање на правните прашања со кои секојдневно се соочуваме.”
Ирена Васовска
General Legal Affairs Senior Associate (Sparkasse Bank AD Skopje)
“„Шпаркасе Банка ја темели својата позиција на пазарот врз принципите на доверба, стабилност и усогласеност со највисоките професионални стандарди, при што стратешки се насочува кон континуирана инвестиција во напредни технолошки решенија. Воведувањето на Factum AI како дел од нашето секојдневно работење ни овозможи инстант, прецизен и проверлив одговор на прашања од комплексната домашна регулатива, што е од непроценлива вредност за нашиот тим. Тоа значи помалку време потрошено на истражување, минимизиран ризик од пропусти и посилна доверба во целокупното наше работење.”
Pricing
Создадено за професионалци и поединци што имаат потреба од сигурна и брза правна поддршка
FAQ
Дилемите се нормални, Одговорите се тука
Одговори на клучни прашања за тоа како функционира Factum AI и како може да ви помогне.
Со користење на машинско учење и семантичка обработка, Factum AI ќе ви обезбеди брз и точен одговор на вашите правни прашања. Замислете го како вашиот интелигентен советник кој веднаш ќе ви даде детална анализа, релевантни информации и референци.
ChatGPT е општ јазичен модел. Factum AI е создаден специјално за македонското право
Factum
V/S
ChatGPT
Тренинг базиран на македонски закони, прописи и судска пракса
Генерална информираност без детална информираност
Анализира конкретни правни случаи од домашна судска практика
Не нуди директни линкови или извори
Користи стандардизирана правна терминологија
Може да даде непотврдени или неформални одговори
Специјализирана анализа на договори, политики и формулари
Општа интерпретација, без правна валидација
GDPR усогласено, без складирање податоци
Податоците можат да се користат за тренинг
Factum
Провери го договорот и истакни ризични клаузули.
Дали политиката за приватност е усогласена со закон?
Како да поднесам тужба за неисплатена плата?