Прв Македонски AI Асистент

Создадено од професионалци, за професионалци

Изградивме алатка што ги почитува стандардите на правната професија - и ја поедноставува секојдневната работа на оние што се соочуваат со закони.

Зошто постоиме

Од идеја до иновација

Идејата за Factum се појави во период кога технолошките иновации забрзано го трансформираа начинот на кој што работиме и пристапуваме до знаење. Тоа нè натера да го поставиме клучното прашање, односно како да го искористиме технолошкиот напредок за да го направиме правото подостапно, поразбирливо и поефикасно за сите? Денес, Factum како проект создаден од тим на инженери и правници, претставува платформа која што не само што анализира закони, прописи и пракси, туку го прави тоа на начин кој што ги разбира потребите на адвокатите и граѓаните. Со тоа нашата цел е постигната - да се поедностави и доближи комуникацијата со македонскиот закон за сите.

Мисија

Да овозможиме сигурен, брз и разбирлив пристап до правна поддршка, заснована исклучиво на македонската легислатива. Factum е создаден како практична алатка што ја зголемува продуктивноста на правниците и адвокатите, но и му помага на секој граѓанин да ги разбере своите права без правна несигурност.

Визија

Да изградиме дигитален правен асистент кој ќе стане стандард во секојдневната работа на правната фела, платформа што не само што следи, туку и ја предводи модернизацијата на правниот систем. Factum треба да биде симбол на доверба, технолошка прецизност и професионална поддршка, денес во Македонија, утре и пошироко.

Team

  Тимот зад Factum

Factum е резултат на заедничка визија меѓу инженери и правници. Нашиот тим комбинира технолошка експертиза со длабоко правно разбирање, затоа знаеме што ви треба и знаеме како да го испорачаме.

Димитар Чуковски

Софтверски инженер и ко-основач

Петар Димовски

AI инженер и ко-основач

Методиј Ристоманов

Правник и ко-основач

Корисници

    Проверен партнер на правната фела

Адвокатски друштва, институции и компании кои веќе се потпираат на Factum во секојдневната работа.

   Довербата се гради преку искуства

+

корисници

+

дневни корисници

%

точност во правна референца

Контактирај не

Сузана Јошевска Анастасовска

Адвокат, Скопје

„Factum значително го промени начинот на кој работам – процесите се побрзи, документацијата поорганизирана, а комуникацијата со клиентите појасна. Наместо да се губам во рутински задачи, можам повеќе време да посветам на суштината на предметите и на развој на правната стратегија.”

Дарко Константиновиќ

Адвокатско друштво Константиновиќ & Милошевски

„Со Factum успеав да внесам ново ниво на ефикасност во канцеларијата. Работата тече појасно, документите се подготвуваат побрзо, а тимот има подобар преглед врз сите предмети. Најважно, добивме повеќе време за квалитетна правна анализа и советување на клиентите.“

Мр. Ивица Медарски

Менаџер за усогласување со закони (МАКЕДОНИЈА Осигурување АД Скопје – Виена Иншуренс Груп)

“„МАКЕДОНИЈА Осигурување АД Скопје – Виена Иншуренс Груп верува дека инвестицијата во информатичко комуникациската технологија ги усовршува организациските процеси. Настојуваме да користиме нови и иновативни решенија кои ќе придонесат за ефикасно и ефективно функционирање. Правото и позитивните прописи се суштината на нашата претежна дејност. Соработката со Factum AI придонесува за автоматизација на правните истражувања кои ни се неопходно потребни, го забрзува процесот на анализа на правните документи и прописите. Користењето на Factum AI овозможува ефективно решавање на правните прашања со кои секојдневно се соочуваме.”

Ирена Васовска

General Legal Affairs Senior Associate (Sparkasse Bank AD Skopje)

“„Шпаркасе Банка ја темели својата позиција на пазарот врз принципите на доверба, стабилност и усогласеност со највисоките професионални стандарди, при што стратешки се насочува кон континуирана инвестиција во напредни технолошки решенија. Воведувањето на Factum AI како дел од нашето секојдневно работење ни овозможи инстант, прецизен и проверлив одговор на прашања од комплексната домашна регулатива, што е од непроценлива вредност за нашиот тим. Тоа значи помалку време потрошено на истражување, минимизиран ризик од пропусти и посилна доверба во целокупното наше работење.”

Factum

Заштеди време на правни анализи

Провери го договорот и истакни ризични клаузули.

Дали политиката за приватност е усогласена со закон?

Како да поднесам тужба за неисплатена плата?

Претплата
Најави се